Лидерот на ДУИ, Али Ахмети смета дека нема ништо лошо во средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Самите средби немаат ништо лошо во себе, но не со условување и уценување. Сепак, за одредени важни теми што имаат за цел унапредување на домашната политика, може да има вакви средби. Добро е да има консултации околу спорот со Бугарија и секако во земјава ни треба етнички и политички консензус. Во ваква ситуација може да има дебата и средби, но не и блокада, рече Ахмети одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска повтори дека за него е неприфатливо единствена точка на разговор на можната лидерска средба да биде одредување датум за предвремени парламентарни избори.
-Уцена со одбројувања – пет дена, четири дена, единствена точка на дневен ред, предвремени избори – таква средба не може да има. Затоа што не може да биде единствена точка – предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ пред скоро една година доби мандат во најголемиот дел од општините во државата. Гледате што се случува во општините. Еден проект нем. Во Градот Скопје освен како во хокеј се менуваат директоритер ништо друго не се случува, кажа Ковачевски.
ВМРО-ДПМНЕ најави блокада на Собранието доколку до 10-ти мај не се оствари лидерска средба меѓу Мицкоски и Ковачевски за евентуално договарање на датум за предвремени парламентарни избори.