Ахмети: Не се сомневам дека ќе го направиме вистинскиот чекор за уставните измени

од Nikola Popovski
151 прегледи

Се уште е во фаза на почетни средби и нема ништо конкретно дефинирано. Се очекува одржување на наредни средби, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети за евентуалниот влез на Алијанса на Албанците (АА) како дел од Владата.

Според Ахмети, „влегувањето на АА би придонело за конструктивност и стабилност на парламентарното мнозинство, доколку има позитивен епилог целиот процес“.

Во едно од своите ретки обраќања во јавноста, Ахмети наведе и дека неговата партија не разговарала за евентуални распределби на министерства доколку и партијата на Таравари влезе во Владата.

За уставните измени и потребните 80 пратеници, лидерот на ДУИ изјави дека ова е премногу важно прашање за земјата и од голем интерес за сите.

-Постојано повикуваме за единство меѓу партиите. Нормално е дека за овој процес треба да го направиме вистинскиот чекор за да продолжиме кон интеграцијата на ЕУ. За тоа е потребно време и не се сомневам дека ќе го направиме вистинскиот чекор, рече Ахмети после централната манифестација за Денот на азбуката на албанскиот јазик.

Слични содржини