Ахмети не верува дека БЕСА ќе се повлече од Владата: Нивните изјави се притисок врз владејачката коалиција

од Берта Китинска
555 прегледи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во Собранието изјави дека не верува дека Движењето Беса ќе излезе од владејачката коалиција.

„Не мислам дека Движењето БЕСА ќе се повлече.Нивните изјави може да се разберат како еден вид притисок врз владејачката коалиција, но коалицијата нема да биде оштетена од таквите изјави или слични притисоци. Пред сѐ, тоа не е добро затоа што тие изјави значат притисок врз институциите кои мора да го спроведат законот“, изјави Ахмети.

Министер за земјоделство, Аријанит Хоџа од БЕСА, вели дека оваа партија може да излезе од мнозинството и да ја урне владата.

Хоџа пораката ја упати синоќа откако Државната изборна комисија (ДИК) прифати приговор на ДУИ и одлучи да се прегласува на едно избирачко место во Желино – општината во која кандидатот на Беса победи пред ривалот од ДУИ со само 69 гласа разлика, а сега може да дојде до прегласување.

Слични содржини