Ахмети: Ништо лошо нема да ѝ се случи на државата ако ние го прифатиме бугарското малцинство како уставна категорија

од Берта Китинска
232 прегледи

Мислам дека ништо лошо нема да ѝ се случи на државата ако ние го прифатиме бугарското малцинство како уставна категорија. Значајно е да се отворат преговори за зачленување во ЕУ зашто така градиме сигурна иднина. Рамковниот договор ги има опфатено сите малцинства кои живеат овде и со сигурност со прифаќање и со значајните измени кои ќе се направат само ќе ја зајакнеме нашата држава и европските стандарди и диверзитетите. Ќе имаме претставување и на Хрватите и Црногорците, кои исто така имаат покренато прашање да се претставени во Уставот на РСМ. За тоа да се случи треба храброст и добра волја од сите – Собранието, невладиниот сектор и медиумите, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков попладнево во Собранието., нагласувајќи дека тоа е стратегија значајна за почеток на преговорите за ЕУ.

Јавноста знае, рече тој, дека разликите помеѓу Скопје и Софија досега се покажале како пречка и на средбата се заинтересирал како би можел да се ангажира за решението.

-Но јас денес видов многу голема волја кај премиерот на Бугарија ова прашање да има епилог и колку може побрзо да се изнајде заедничко прифатливо решение за двете страни. Ние да ги отвориме преговорите за членство во јули оваа година, рече лидерот на ДУИ.

Притоа нагласи дека Македонците не треба да имаат дилма зашто, подвлече, тој е нивни сограѓанин и е заинтересиран да не се чувствуаат лошо. Обврзан е како претставник на ДУИ неговите сограѓани, како што рече, да ја осетат поткрепата од политиката на партијата што ја предводи.

Нагласи дека на средбата со Петков истакнал дека двете земји имаат потреба од релаксирање на односите и да зборуваат многу отворено за теми кои бараат решение, но не треба, рече, да бидеме преокупирани со емоции, туку рационални.

Слични содржини