Ахмети од Приштина: Не е државен став дека Косовари го сториле делото кај Гошинце, станува збор за став на поединец

од desk3
115 прегледи

Првиот интегративец Али Ахмети по средбата со заменик-премиерот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека не е државен став на Р. Македонија дека Косовари го сториле делото кај Гошинце, туку дека станува збор за став на некој поединец.

1430138887-1

“Албанците во Македонија не сакаат нова криза и нова војна. Тие сакаат да живеат во мир и во таа насока е многу важна материјализација на Охридскиот договор, која во целост ќе донесе рамноправност меѓу граѓаните. Албанците сакаат соживот со Македонците. Мирот, соработката, интеграциите, слободните граници, без да се создаваат нови граници меѓу двете земји, тоа нема алтернатива. За Албанците во Македонија нема подобра алтернатива од Охридскиот договор”-посочи Ахмети.

Според косовскиот заменик-премиер Хашим Тачи, стабилна и европска Македонија е во интерес на Косово и на интеграцијата во ЕУ.

За инцидентот кај Гошинце, Тачи посочил дека косовските институции силно го поддржуваат Охридскиот договор, која е постигнат со помош на меѓународниот фактор. Тој нагласи дека мирот во Македонија е во интерес и на Косово, бидејќи каков било инцидент не помага ниту на Косово ниту на Македонија.