Ахмети одговори како е да се биде во опозиција по 16 години

од Илинка Илиоска
500 прегледи

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, дел од коалицијата Европски фронт, на денешната прес-конференција во Мала Речица предупреди дека Фронтот ќе го започне патувањето за заштита на почитувањето на Охридскиот договор.

„Го започнуваме патувањето да го спречиме ова мнозинство и ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во напорите за заштита на гласот, легитимитетот и духот на Охридскиот договор“, рече Али Ахмети.

На прашањето дали тоа значи улични протести, Ахмети рече дека Фронтот разговарал за сите можности за акција.

Тој праша зошто Албанците и другите немнозински заедници да се организираат во политички партии доколку победникот не влезе во владата.

„Зошто овие заедници да се организираат во политички партии и да бараат легитимитет доколку најголемата македонска партија одлучи за нив“, изјави Ахмети.

Прашан какво е чувството после 16 години да седне на опозизиско столче тој, на албански јазик,  одговори во свој стил.

„Јас сум заедно со колегите овде за да го заштитиме освоениот легимитет, почитта на гласачите“,  рече Ахмети.

Според Ахмети, за Европскиот фронт, неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати да стане дел од владата.

„Охридскиот договор не се чита исто од сите политички или јавни кадри, ние не дозволуваме овој договор да биде прекршен“, кажа тој.

Додаде дека таквите чекори не враќаат како што рече, две децении наназад.

„Луѓето нѐ прашуваат зошто гласаме кога некој друг одлучува за нашата волја и нашите определби…граѓаните нѐ прашуваат која е смислата на демократијата кога не се почитува легитимитетот, кога одлучува најголемата македонска партија. Ова нѐ враќа две децении наназад кога не се почитуваше слободната волја на заедниците. Легитимноста е столбот на демократијата, затоа ја започнуваме битката за почитување на Охридскиот договор. Кога се почитува духот на Охридскиот договор, општеството напредува, но кога не се почитува, се враќаме во други времиња кои колективно сме ги напуштиле“, потенцира лидерот на ДУИ.

Слични содржини