Ахмети: Партијата на Села е несериозна партија со само двајца пратеници

од desk2
110 прегледи

Али Ахмети во вчерашното гостување на Клик Плус на ТВ 21 партијата Алијанса за Албанците ја нарече несериозна партија која има само двајца пратеници и со тоа даде јасни сигнали дека не очекува повеќе да биде дел од владината коалиција. Симптоматичен е и бројот на пратеници кои Ахмети го истакна бидејќи на изборите во декември коалицијата на трите партии во Алијансата доби тројца пратеници.


За пратеникот Весел Мемеди (РДК) од коалицијата на Алијансата за Македонија веќе се претпоставува дека преминал во пратеничката група на ДУИ. И двајцата пратеници на ДПА се поблиску до владеачкото собраниско мнозинство.

Според сите информации ДУИ беше единствениот противник за продолжување на владината коалиција со Зијадин Села, шефот на коалицијата Алијнса за Албанците. За време на локалните избори кандидатите за градоначалници на ДУИ и на Алијансата беа жестоки противници. По испразнетото министерското за здравство (Арбен Таравари од минситерското место за здравство стана градоначалник на Гостивар како кандидат на Алијасата), дојде до притисокот кон премиерот Зоран Заев да гопрекине коалицирањето со Села. Од вчера и официјално Владата за министер за здравство го предложи Венко Филипче, како кандидат на СДСМ./ТВ21