Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска одржа прес-конференција на која беше присутен министерот за транспорт на Косово кого Ахмети го примил по официјално барање од косовскиот премиер Албин Курти. Двајцата разговарале за патот Тетово-Призрен, при што било нагласено дека надлежните се во фаза на постигнување на финансиски договор за тунелот што ќе треба да се изгради.
„Во интерес нашата држава е развој на соработаката со Косово како и развој на соработката и со другите соседни земји, зашто треба да имаме предвид дека регионот мина низ конфликти и војни со тешки последици. За да се биде успешен во градењето добри односи со народите и граѓаните, потребна ни е подобра соработка“, рече Ахмети.
Притоа Ахмети нагласил дека изградата на пат од Тетово до Призрен, кој е проектиран, ќе биде од особен интерес на двете земји.
Косовскиот министер Алиу истакнал дека овој пат веќе има физибилити студија која ја изработи Северна Македонија.
Ние сме во фазата за постигнување на финансиски договор за проектирање на заедничкиот тунел меѓу двете земји и потоа да пристапиме кон реализацијата, кажал Алиу.