Ахмети почна да бира кандидати за градоначалници

од Берта Китинска
269 прегледи

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети од Липково објави дека Генералниот совет на партијата, ќе го предложи Еркан Арифи, актуелниот градоначалник на Липково, да биде кандидат за уште еден мандат на чело на оваа општина на претстојните локални избори, што треба да се одржат во октомври.

Според Ахмети, Арифи има едногласната поддршка од сите локални совети, ограноци и граѓани затоа што, како што оценува, работел добро за жителите на Липково.

Слични содржини