Првиот интегративец и коалициски партнер партнер во власта- Али Ахмети неделава е повикан на разговор во СЈО за случајот „Космос“. Од СЈО потврдуваат дека во тек е сослушувањето и на останати сведоци поврзани со овој случај.
Потсетуваме случајот “Космос” беше рушењето на зградата во сопственост на Фијат Цаноски, а наодите за противзаконско рушење и политичка освета ги презентираше Заев од 5-тата и 13-тата “бомба” од прислушуваните разговори.
Во еден од разговорите се слуша како Груевски нарачува на местото да се изгради убав парк, а објектот вели дека најдобро е да се сруши во „фул-сезона“ на годишни одмори. Подоцна и премиерот и екс министерот Јанакиески ги демантираа ваквите тврдење, образложувајќи дека за случајот „Космос“ запазена е градежната процедура.
