И додека течат роковите за предлог на нова влада лидерот на ДУИ, Али Ахмети 2 -ри септември нема да биде во пратеничкото столче. Меѓународните обвинители од Косово побарале од лидерот на ДУИ да биде два дена на располагање за да сведочи.
Портпаролот на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, Кристофер Бенет за Телма изјави дека сè додека не се поднесе обвинението, не може да се каже зошто и во какво својство е повикан лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Тој рече дека специјалното обвинителство на Косово и судот не споделуваат детали во јавноста сè до конечното решение, ниту е познато кој е обвинет и кој бил сведок, и истакна дека „ова правило важи и за Ахмети“.
„Ние не даваме никакви детали за нешто поврзано со нашата истрага. Информациите што ги кажувате (дека тој бил повикан да сведочи) Мислам дека доаѓа од самиот Ахмети“, рече Бенер.
Лидерот на ДУИ потврди дека бил повикан да сведочи пред обвинителите на Специјалното обвинителство во Косово на 2 и 3 септември.
На 22 јули, Ахмети објави дека добил покана од Специјалното обвинителство за Косово во Хаг да „сведочи како еден од основачите на ОВК и член на Генералштабот“.
„Без двоумење, ја прифатив поканата и остварив конструктивен контакт и соработка со официјални лица во Хаг“, напиша тогаш Ахмети на Фејсбук време.