Ахмети: Пријателството со САД, ЕУ и со соседите не смее да биде загрозено

од Берта Китинска
300 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на својот Фејсбук профил објави дека пријателството со САД и Европската унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива,откако беше затворена собраниската седницата за изгласување недоверба на Владата.

„Денес преовладуваше свеста за заедничките достигнувања, слободата, еднаквоста, правдата, добрососедството, евроатлантската ориентација на нашата земја и сигурната прозападна иднина. На нашата земја и треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост. Негирањето на Охридскиот, Преспанскиот договор, добрососедството, но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик не може да имаат место овде. Како што кажав нема да постапуваме ниту со емоции ниту со еуфорија. Засекогаш заедно!“, порача Ахмети.

Слични содржини