Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Призрен

од Nikola Popovski

Советот на косовската општина Призрен едногласно го прогласила лидерот на ДУИ, Али Ахмети за почесен граѓанин на општината, пренесуваат косовските медиуми.

Во Призрен денеска се одржала свечена церемонија на која присуствувале голем број истакнати политички личности од Косово. Сите политички претставници на партиите во својот говор високо го оцениле придонесот на Ахмети.

Според нив, како што пишуваат косовските медиуми, „поранешниот командант на ОВК им служи на Албанците веќе 40 години, прво на Косово, а потоа и во Македонија“. Градоначалникот на општина Призрен, Шаќир Тотај порачал дека денешниот ден е важен момент и дека работата на Али Ахмет говори сама по себе.

Ахмети во својот говор истакнал дека „врската го одржала жив духот на Албанците“.

„Таа ни го чуваше духот затоа што не научи како да не бидеме огорчени и да градиме програма до ослободување, бидејќи и самата Призренска лига беше платформа за ослободување на албанските земји“, рекол, меѓу другото Ахмети во својот говор.

Слични содржини