Ахмети прогласи победа на ДУИ во Тетово, Струга, Чаир, Дебар, Сарај, Липково, Долнени, Теарце

од desk4
107 прегледи

Извоивме голема победа во Тетово, во Струга, Чаир, Дебар, Сарај, Липково, Долнени, Теарце, а во првиот круг победивме во Пласница и Кичево. Ве поздравувам и ви благодарам на сите кои гласавте за ДУИ, за оваа голема победа, 12 по ред, им благодарам на сите градоначалници кои победија, кои што ќе ги водат овие општини во наредните 4 години.

Се уште ги очекуваме резултатите од Гостивар, каде што моментално води Алијансата на албанците, но да не се разочаруваме, затоа што една изгубена битка, не значи изгубена војна. Се уште очекуваме резултатите од Желино, Врапчиште, Боговиње, но и таму ако победата другите кандидати, ние ќе им помагаме, како што ќе им помагаме на нашите.