Амбасадорот Река ги пренесе честитките на премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама, упатени до претседателот Ахмети за победата на предвремените парламентарни избори на 15 јули, Соопштија од ДУИ.
Ахмети изрази почит кон премиерот Рама и му се заблагодари на амбасадорот Река за коректниот однос на албанските институции и албанските партии.
Соговорниците го оценија изборниот процес како примерен и целосно регуларен, како што и прилега на земја членка на НАТО и во преговори за членство во Европската унија.
Ахмети го информираше амбасадорот Река за напредокот на пост-изборните случувања, потенцирајќи ја потребата за брзо консолидирање на институциите што произлегоа од изборите и почитување на гласовите и волјата на граѓаните.
“Демократската унија за интеграција има за цел да ги исполни своите изборни ветувања, вклучително и максимална посветеност кон преговорите со Европската унија, вклучително и економското закрепнување, бескомпромисна борба за владеење на правото и неселективна правда, заштита на јавното здравје, но и реализација на сите точки од изборната програма, соопштија од ДУИ.
Ахмети повтори дека нема враќање назад од црвените линии, охридскиот, преспанскиот и добрососедскиот договор, но и нашите изборни ветувања.