Ахмети: Русија е навлезена во земјава преку здруженија и медиуми

од Nikola Popovski
592 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во своето обраќање пред симпатизерите и членовите во Струга посочил дека имаат кампања со која јасно го изразуваат ставот – „да на Европа, не на Русија“.

-Oпозицијата сака само уништување на ДУИ. Ги разбирам затоа што им удри сонцето, но народот одлучува дали ДУИ ќе се уништи или не. 24 април го докажа тоа и потврди дека ДУИ не се распаѓа, туку работи и делува. На 24 април се соочивме со ВЛЕН, а на 8 мај се соочуваме и со ВМРО. Нашата мисија продолжува, сакаме земјата да биде полноправна членка на ЕУ, бидејќи немаме друга алтернатива, на земјата ѝ треба повеќе мир, безбедност, стабилност. На 8 мај мора да победи субјектот чија мисија е членството на земјата во ЕУ, со оглед дека успешно го завршивме членството во НАТО, од кое корист имаат сите граѓани, рекол Ахмети.

Според него, Русија е навлезена во земјава преку здруженија и медиуми.

-Дури е основана и политичка партија од главниот советник на Путин, Александар Дугин, кој неколку пати доаѓаше во Македонија. За да им речеме не на сите тие активности и интервенции на 8-ми мај, нема да имаме избори, туку референдум на кој треба да извојуваме победа, изјавил Ахмети пред сопартијците и граѓаните.

Слични содржини