823
Вчера имавме доста тензичен разговор со Заев, дека не се согласувам со таквото движење, со неговата оставка од партијата и претседател на Владата, вели во изјава за ТВ21, претседателот на ДУИ, Али Ахмети за оставката на Заев.
-Му ги нагласив силните позиции на ДУИ. Овие се локални избори, ние пред 1 година победивме на општите избори и добивме мандат за да раководиме со политиките на државата. Така да и денеска повторно разговарав со Заев, му реков дека не можеме да направиме компромис за големи работи, за тој да се повлече. Да се разгледа во неговата партија оваа одлука која според мое мислење е забрзана и неоснована, вели Ахмети за ТВ21.