Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во Скопје се состана со поранешниот премиер и специјален претставник на владата на Северна Македонија за спорот со Бугарија, Владо Бучковски.
Ахмети и Бучковски,како што се вели во партиското соопшение, разговарале за спроведувањето на договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, сегашните позиции на страните и најдобрите начини за надминување на спорот.
Ахмети дал целосна поддршка на интензивниот дијалог и изразил убедување дека можно е брзо решение, без последици врз јазикот, идентитетот и културата, кои не се дел од спорот и дијалогот.
„Европскиот дух на постигнување на Договорот треба да преовладува и за време неговото спроведување, без одолговлекувања и како дел од
преговарачката рамка на односите помеѓу соседите, но и во рамките на уставните определби за немање на територијални претензии спрема нашите
соседи“, се додава во партиското соопштение.