Ахмети со честитки до Рама: „За Албанците сонцето изгрева на запад“

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети им честиташе на Албанија и на нејзиниот премиер Еди Рама за отворањето на сите поглавја за пристапување кон ЕУ

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: Фејсбук

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети им честиташе на Албанија и на нејзиниот премиер Еди Рама за отворањето на сите поглавја за пристапување кон ЕУ. Ахмети вели дека Македонија и Косово треба да ги следат стапките и да им се придружат на Албанија и Црна Гора во нивната посветеност за интеграција во ЕУ со конкретна посветеност и надминување на предизвиците.

„Извонредно достигнување, големо браво за Албанија, браво Еди. За Албанците, сонцето изгрева на запад. Албанија успеа да ги отвори сите поглавја од преговорите поделени во 6 групи поглавја за 12 месеци, што само по себе претставува импресивен рекорд.

Европската иднина е единствениот пат за Албанците и за сите други на Западен Балкан.

Северна Македонија и Косово мора да ги следат стапките и да се придружат на посветеноста на Албанија и Црна Гора за интеграција во Европската Унија со конкретна посветеност за надминување на предизвиците пред нас“, посочува Ахмети и додава дека „во овие тешки времиња и околности за нашиот континент и за светот, нашиот европски пат и усогласувањето со Европската Унија е најбезбедната определба за нашите нации и за регионот“.