На собирот со иселениците и граѓаните на Гостивар што се одржа во Големата сала на Центарот за Култура, Претседателот на ДУИ Али Ахмети одблизу ги запозна иселениците и другите присутни со постигнувањата на албанците во двете последни децении во Република Северна Македонија, но и со идните планови.
„На патриотизмот со големо зборови, со полна уста, му дојде крајот. Ние треба да работиме за секој ден и без големи зборови, но со опипливи и конкретни дела. Да изградиме вредности и капацитети во администрацијата, на универзитетите. Работиме и ќе работиме за правична застапеност. Ако во 2001 година имавме 260 офицери и подофицери албанци во АРМ, денес имаме повеќе од 2000. Ако имавме 178 полицајци албанци, денес имаме 2000 млади во полиција.
Дали има уште многу работа пред нас, сигурно дека има. Бидејќи другите беа пред нас 60 години, и сега работиме за да постигнеме застапеност и квалитет”, рече меѓу другото Ахмети додавајќи дека сега имаме два државни универзитети и еден јавно-приватен на албански јазик, знамето и албанскиот јазик се заштитени со закон, патриотизам останува економскиот развој, стручната и неселективна правда, модерни институции, реформирани и квалитетни универзитети.
Ахмети се фокусираше и на меѓуетничките односи, ставајќи го акцентот врз фактот дека уште не е дојдено време македонецот да го штити интересот на албанецот, или албанецот интересот на македонците, додавајќи дека разликите создадени со векови не може да се тргнат преку ноќ, затоа истакна дека албанците можат да се претстават достоинствено само од Албанските политички субјекти.
До пред неколку години имавме разлики со ВМРО-ДПМНЕ, сега со СДСМ, во одбрана на тоа што е албанско во ова земја. Ние направивме компромис но не бевме подмолни, ниту лакоми за власт и на прв чекор сме ги поставиле легитимните приоритети и барања на албанците.
Има луѓе кои мислат дека едната страна е поспремна а другата порезервирана кога се зборува за унапредувањето на правата на албанците.
Да бидеме искрени. Кога станува збор за унапредувањето на Албанците на сите нивоа, има двоумења. Немојте да мислите дека работите се движат со голема леснотија. Ако не удриш по масата и ако не се бориш за тоа прашање, возот бега”, рече Ахмети кој додаде дека: “Во сите изборни циклуси албанците со слободен глас и со над 60% гласаа за нас и ни веруваа. Ние се потрудивме да не ги потцениме туку да ги почитуваме како на национално ниво така и меѓународно”.
На собирот кој го водеше Претседателот на Огранокот, г-дин Башким Хасани, по говорот на лидерот Ахмети, помеѓу него и публиката во сала се разви отворена и демократска дебата. За многу дилеми, Ахмети но и другите функционери на Демократската Унија за Интеграција-ДУИ, дадоа конкретно образложенија пред граѓаните.