Ахмети: Со одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот договор е испишано уште едно парче историја

од Nikola Popovski
255 прегледи

Денес беше испишано уште едно парче историја во владата на нашата земја, објави синоќа претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по повод одбележувањето 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор.

-За прв пат Владата на Република Северна Македонија одржува свечен настан за одбележување на 20-годишнината од Охридскиот договор. Со ова се означува и иницијативата на манифестации за славење на ова колосално достигнување. Бидете дел од прославата!, стои во објавата на лидерот на ДУИ.

Во наредните денови ќе има свечена собраниска седница, конференции на три универзитети, концерти, прослави во Струга, Чаир и Кичево, кои, како што рече вицепремиерот Артан Груби на тематската владина седница, се директен резултат од имплементацијата на Договорот.

Премиерот потсети дека една од првите приоритети на листата на новоформираната Влада во 2017 година беше заокружувањето на нормативниот дел којшто произлегуваше од Охридскиот рамковен договор и од Амандманот 5 од Уставот на Република Северна Македонија.

„Тогашната Влада, во која министри беа и поголем дел од овој, актуелен состав на извршната власт, ја исполни обврската која непотребно се одолговлекуваше од сите претходни влади, и го донесе Законот за употребата на јазиците. Со Законот за употреба на јазиците, како и со сите останати законски измени и подзаконски акти за правична застапеност, се заокружија одредбите од Охридскиот рамковен договор, кој беше потпишан на 13 август во 2001 година и со кој се стави крај на конфликтот и кој беше прифатен како гаранција дека сите прашања од интерес на заедниците во нашата земја ќе се решаваат низ дијалог и низ институциите“, истакна премиерот Заев.

Слични содржини