Ахмети: Со политичка стабилност гаранција за поуспешна локална власт

од desk2
90 прегледи

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, вчера во општина Боговиње побара поддршка за победа за кандидатот за градоначалник Берза Бејтулаху-Хаки на локалните избори в недела.

Ахмети, како што соопштуваат од ДУИ, истакна дека ДУИ е најподдржана сила со најмногу гласови од Струга до Куманово и Липково.

Повика на ангажман со посветеност на сите политички структури, со цел, како што рече, на 29 октомври да се обезбеди убедлива победа за сите граѓани на Боговиње.

Во исто време лидерот на ДУИ оцени дека нивните политички опоненти се без никакви програми и визии за иднината.