Специјалниот обвинител треба да биде избран од вторник како и што беше договорено на партиските разговори водени под меѓународно посредство, изјави Али Ахмети во интервју за Коха. За прашањето за бројката на заменици-обвинители во тимот лидерот на ДУИ, предлага вкупно осум од кои тројца да бидат Албанци.

За корупцискиот случајот со „Маѓар Телеком“ во кој се споменува директно тој и негови најблиски соработнци Ахмети вели дека се клевети кои треба да и наштетат на ДУИ во пресрет на изборите следната година.
„Во иста насока е и интензивната кампања на разни клевети на моја и на адреса на ДУИ вклучувајќи ги и тврдењата на еден припадник на тајните служби осуден за измама, кој се обидува да ме вмеша мене и моите соработници во непостоечки настани од пред 10 години. Јас ве уверам дека сите овие конструкции се клевети во рамки на гореспомената кампања. За жал, луѓето ќе се тероризираат со уште такви вести, се до крајот на изборите наредната година“., вели Ахмети.
Екс шефот на тајнта полиција Слободан Богоевски во сведочење за Њујоршкиот суд изјави дека високи функционери од тогашната коалциска влада меѓу СДСМ и ДУИ примиле мито од неколку милиони евра за продолжување на моноплската позиција на Телекомот. Богоевска како главни акетри од албанскиот блок ги спомена токму Али Ахмети и Муса Џафери.
извор: Алсат -М