Ахмети: Таравари сфати дека оваа Влада е антиалбанска

од Nikola Popovski
292 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, зборуваше за можните промени во Владата и односите меѓу владеачката коалиција. Тој рече дека го цени чекорот на министерот за здравство, Арбен Таравари за напуштање на редовите на ВЛЕН, за кој рече дека разбрал оти владата е антиалбанска.

На прашањето дали ќе има соработка со крилото на Алијанса на Албанците, предводено токму од Таравари, претседателот на интегративците кажа дека оваа ситуација ќе биде преиспитана доколку тој ја напушти Владата.

-Ќе бидат повикани сите партии од Европскиот Фронт и ќе се испита ситуацијата. Секако, го цениме смелиот чекор на Таравари кој многу рано сфати дека оваа влада не е ништо повеќе од антиалбанска влада. Стратегија во оваа насока сè уште не е развиена, кажал денеска лидерот на ДУИ на настан, пренесуваат медиумите на албански јазик во земјава, додавајќи дека ова не се прашања на Демократската унија за интеграција, ниту на Европскиот фронт туку внатрешни прашања што Таравари треба да ги разреши.

Тој најави дека ДУИ ќе ги свика највисоките партиски тела и ќе одржи состанок во текот на наредните денови.

Слични содржини