Ахмети: Важно е резултатот од изборите да биде прифатен од сите учесници

од desk4
79 прегледи

Сите кои што ќе бидат избрани на овие локални избори ќе треба да работат во интерес на граѓаните, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откако гласаше во селото Зајас.

Тој апелираше граѓаните масовно да излезат да гласат без страв бидејќи, како што рече, создадени се сите услови за да се гласа на демократски начин.

-Многу е важно резултатот да биде прифатен од сите учесници во избирачкиот процес. Притоа, сите оние што ќе бидат избрани ќе треба да работат во интерес на граѓаните за да се створат услови за да имаме економски и политички просперитет на општеството – додаде Ахмети.

Слични содржини