Лидерот на ДУИ Али Ахмети заедно со двајца вицепремиери на Македонија денеска во Атина ќе остварат средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

Ахмети и Коѕиас, како што соопшти ДУИ, ќе разменат мислења и идеи за добрососедските односи, з а прашањето за името и за другите отворените прашања меѓу двете земји и евроатлантските интеграции на Македонија. Ахмети ќе биде придружуван од пратеникот Артан Груби, вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.