Ахмети влезе во владиниот кабинет на Џафери

од Nikola Popovski
212 прегледи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера го посетил техничкиот премиер, Талат Џафери во неговиот владин кабинет.

„Денеска бев кај Талат во Владата, вчера спикер, денес премиер. Повторно му честитав на должноста и му посакав многу здравје и успех во работата.

Оваа влада на чело со Талат Џафери е комплетна политичка влада со сите овластувања дефинирани со закон и устав“, напиша Ахмети на социјалните мрежи.

Информацијата излезе и на официјалниот Фејсбук профил на Џафери. Тој споделил и неколку фотографии од средбата со Ахмети.

„Си подадовме рака во минатото дека ќе ја оствариме визијата и ќе напишеме историја. Денес, повторно здрави и со елан, си подаваме рака за иднината“, објавил Ахмети.

За помалку од два часа, со 65 гласови „за“ и три “против“, Собранието на Северна Македонија во неделата избра преодна (техничка) влада со мандат од 100 дена и со задача да ги спроведе претседателските избори на 24 април и парламентарните избори на 8 мај, на фер и демократски начин, преку учество на министри и дополнителни заменици – министри од опозицијата во клучни ресори.

Премиер е Талат Џафери од ДУИ, со што првпат на чело на владата застанува премиер Албанец.

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ иако предложи свои кандидати во владата, не гласаше за нејзиниот избор. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пред гласањето излегоа од собраниската сала.

Слични содржини