Носителот на листата во шестата изборна единица и лидер на ДУИ, Али Ахмети во рамки на предизборните активности на таа партија, вечерва се сретна со жителите на општина Врапчиште.
![]()
Во селото Неготино полошко, Ахмети со сопартијците имаше средба со просветните работници од овој регион, а во Добри Дол разговараше со земјоделците.
Во селото Врапчиште, Ахмети го посети изборниот штаб на ДУИ и се запозна со активностите кои се спроведуваат за предвремените избори.
Жителите од овој регион од Ахмети побараа да се направи спортска сала во селото Врапчиште, а во Неготино и градинка.
Посетата на карванот на ДУИ во подшарпланинските села ќе заврши со митинг во Боговиње, кој треба да почне во 19:30 часот.