Ахмети за Мицкоски: Како лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да биде многу поактивен за државните интереси

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ21 зборуваше за состојбите во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Смета дека за државните интереси, Мицкоски како лидер на ВМРО ДПМНЕ треба да биде многу поактивен.

-Тој треба да биде активно вклучен да се реши отворениот спор со Бугарија. Мицкоски, исто така треба да биде поактивен во реформите во правосудството, треба да биде погласен и аргументиран кога објавува злоупотреби на службената положба на актуелни функционери на власта, треба да има сериозни факти и да ги достави до Обвинителство и во истражните органи, а не да држи прес-конференции без серозни аргументи. Не може да обвинува функционери на прес-конференции, нека приложи факти во Обвинителство, ако обвинителство не реагира тогаш нека ги информира медиумите, нека знае јавноста, вели Ахмети.

Слични содржини