Ахмети за „Шверцери“: Луѓето не отишле таму да предизвикаат штета или вандализам

од Aleksandar Todeski
484 прегледи

Лидерот на ДУИ Али Ахмети не гледа ништо спорно што навивачката група „Шверцери“ одржала прослава во МНТ. Вели, намерата не им била да предизвикаат штета или вандализам и додаде дека во цивилизираните земји како Германија и Велика Британија така се одбележувал јубилеј на навивачките групи.

„Кога ги видов првите информации во медиумите прво помислив дека местото не е соодветно, но отпосле видов дека на ваков начин навивачките групи прославуваат секаде во светот и сметам дека нема ништо спорно“, истакна Ахмети по одбележувањето на Денот на албанското знаме.

Според него, „Шверцери“ не направиле никаков вандализам, наспроти тврдењето на раководството на МНТ дека во театарот се има направено голема шета.

„Што се однесува до материјалната штета на театарот, тоа е друго прашање што ќе го процени Министерството за култура, но не мислам дека луѓето отишле таму за да предизвикаат штета или вандализам, рече Ахмети.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини