Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги повика граѓаните да се обединат утре, 13 декември, во 13:00 часот, на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe, за, како што вели, „да побараат правда и да ги отфрлат измислените обвинувања од Србија и Русија“.
„Утре се обединуваме за јасна цел. Стоиме одговорно, да ја почитуваме жртвата и да ја браниме вистината за нашата историја“, пишува Ахмети.
Тој нагласува дека „Слободата има име, ОВК“, додавајќи дека ова име „останува дел од нашиот национален идентитет и достоинство“.
„Ве поканувам сите да бидеме заедно утре“, заклучува лидерот на ДУИ за утрешниот протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Хаг.
Протестот за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Судот во Хаг е организиран токму од Ахмети, заедно со Организацијата на ветерани на ОВК. Протестот ќе се одржи во сабота на плоштадот „Скендербег“ со почеток од 13 часот.
– По Приштина и Тирана, сега и Скопје ќе зборува за вистината и правдата! Војната на ОВК беше и останува праведна, ослободителна и поддржана од демократскиот свет. Правдата за борците за слобода не може да се гради врз политички обвинувања и измислени докази од страна на Србија и Русија. Како што бевме покрај борците на ОВК во Приштина и Тирана, така ќе застанеме и во Скопје, горди и решителни во одбрана на нашата вистина – објави лидерот на ДУИ, во официјалната покана за протестот.