288
Денеска бев домаќин на попишувачите во мојот дом и заедно со моето семејство станавме дел од пописот на населението во нашата земја, објави на Фејсбук претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
-Ве замолувам не двоумете се и попишувајте се сите, резиденти и нерезиденти, во земјата и во дијаспората, заедно со секој член на вашето семејство. Попишувањето се одвива до 30 септември, додека од денес сите оние кои не се попишани од различни причини во својот дом, истото можат да го направат во општината во која живеат. Дијаспората треба да се попишува онлајн на следниот линк: https://popis2021.stat.gov.mk, напиша Ахмети.