Заев се извинил за тоа што во нелегално сниманите разговори кои беа објавени во изборната кампања ги нарекува албанците пет пари, откри вечерва лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ21.

„Зоран Заев се извини за тоа што рече дека Албанците не вредат 5 пари“, одговори Ахмети.
Ахмети имал понуда за Села и Гаши, но тие не се појавија на заедничката маса која ја организираше по повод 19 годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, откри вечерва лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Сакав да им понудам на Села и Гаши да станат дел од Владата, но не дојдоа на состанок“, рече лидерот на интегративците.