Ахмети знаел и преговарал со терористите во Куманово за да се предадат

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Ахмети знаел што се случува и дента во Куманово, бил на телефонска линија цело време со вооружената група, но и две недели пред тоа исто така ,  изјави тој синоќа  во дебатната емисија “Патот кон…” на АлсатМ телевизија. Лидерот на ДУИ Али Ахмети  му кажал на колиционен партнер Никола Груевски  за тоа ,  што се тоа даде нови интересни елементи од настаните во Куманово кои досега не беа објавени.

22399golemaАхмети изјави дека тој и неговите соработници минатиот викенд директно преговарале со вооружената група терористи во Куманово околу нивното предавање на полицијата. За тоа бил известен и Никола Груевски кој му се јавил на Ахмети а премиерот не верувал дека терористите ќе се предадат. Уште позбунувачки е што тој кажа и дека и претходно контактирале со тие луѓе додека го подготвувале судирот  односно акцијата .
download

„Последен пат со нив контактиравме две недели пред настанот. Им ја објаснувавме нашата платформа. Им кажавме дека ако сакавме поделба на Македонија тоа ќе го сторевме уште во 2001 година. Но, тоа не е нашата платформа. Ние се обидовме оваа група да ја предомислиме, разговаравме со нив, ги потсетивме дека заедно се изборивме за Охридскиот договор. Последен пат две недели пред настаните со Сами Ушини разговараше Садула Дураку. Сами му рекол дека тој не е дел од оваа група. Потоа излезе дека и тој бил во групата“, рече Ахмети.

Според лидерот на ДУИ оваа група се обидувала да се засолни и во Липково и во некои други села, ама не добиле поддршка од локалното население.

„Кој беше нивниот политички мотив? Зошто е направено ова? Никој не ја оправдува нивната постапка. Не можам да сфатам како тие луѓе беа подготвени да ги загрозат животите на цивилите од таа населба“, рече Ахмети.

Во разговорот со уредникот Мухамед Зеќири, Ахмети  тој раскажа дека од првите истрели од 5 часот бил во контакт со едно лице од групата  кои пукале врз полицијата, а подоцна се разбрало дека најверојатно бил Мухамед Красниќи. Ахмети кажа дека тие самите си  предложиле да се предадат, и барале Ахмети да им обезбеди коридор,  а тој бил задолжен да помогне во смирувањето на ситуацијата.

 

ку пол
Тој изјави исто така дека за неговата акција за предавање на групата ги известил ОБСЕ, САД и ЕУ а разговарал и со Никола Груевски кој му се јавил на лидерот на ДУИ.

„Јас морав да го направам тоа што морав, направив да се предадат, зашто немаше да биде добро за никого“, рече Ахмети.

Со неговото посредување се предале 26 од вкупно 30 членови на групата. Тој направил обид и останатите да се предадат, но обидот завршил без успех.  Благодарение на тие преговори 26 од вкупно 30 лица од вооружената група и се предале на полицијата а оние кои не сакале загинале, во престрелката а еден се самоубил.

Интересно е што Ахмети призна за овие преговарања, а по настаните во Куманово имаше конкретни изјави од Груевски и екс-министерката Гордана Јанкулоска, од портпаролот на МВР , но во ниту еден момент не беше кажано дека Ахмети преговарал со терористите и дека Груевски бил запознаен со тоа.

Ахмети истакна дека тој преговарал , но никого не предал,  туку неговата цел била да нема убивање на цивили и да нема жртви , но сепак одговорноста ја пренасочи на нив самите и институциите. Тој вели дека само се обидел да помогне во нешто што некои други го спакувале и неразумно влегле во се тоа што за него е погрешно, и нема поддршка кај Албанците кои повеќе не се за војна и ваков пристап.

Ахмети рече дека има многу информации што се случило во Куманово, но додаде дека чека потврда за овие информации пред да го обелодени пред јавноста.