Ахмети: Зошто да се повлечам? Излегов како победник на изборите

Ахмети го нарече таквото повлекување „непотребно“, нагласувајќи дека излегол како победник на неодамнешниот прв круг од изборите

од Nikola Popovski
8 прегледи Фото: Принтскрин

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и воедно лидер на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ), Али Ахмети, остро реагираше на новинарско прашање во врска со можноста за негово повлекување од политиката.

Ахмети го нарече таквото повлекување „непотребно“, нагласувајќи дека излегол како победник на неодамнешниот прв круг од изборите.

„Зошто да се повлечам? Дали слушате, дали имате уши или не? Ако некој победил, губитникот мора да се повлече. Одете во ДИК и проверете“, остро реагирал Ахмети.

Лидерот на ДУИ, во своето обраќање, ја нарекол коалицијата ВЛЕН „Здружение Газиместан“, за што рече дека губитникот излегува да тврди дека е победник.

„НАИ на овие избори освои 114.760 гласови со вкупно 159 советници. Здружението Газиместан, ВЛЕН, освои 91.849 со вкупно 122 советници. Но, тоа е тоа, секој ден тврдат дека ги добиле изборите, не само овие избори, туку и оние претходните, а всушност се големи губитници“, рекол Ахмети и го повторил ставот на НАИ за предвремени парламентарни избори.

„Ние сме посветени на европска Македонија и добри меѓуетнички односи, нула проблеми со соседите. Ние сме посветени на обезбедување подобра иднина за идните генерации“, додал Ахмети.

Слични содржини