АХВ: Небезбедниот сусам од Индија, уништен во Дрисла

од Берта Китинска
369 прегледи

Преку Системот за брзо предупредување за храна на ЕУ досега имаат добиено три нотификации за увоз на небезбеден сусам по потекло од Индија, во кој е утврдено присуство на резидуи од пестицид – етилен оксид, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Од Агенцијата додаваат дека во моментов е постапено по две од тие известувања, а за третото од јануари годинава постапката е во тек.

„По приемот на првата нотификација во септември минатата година (23.09.2020) инспекциските служби на Агенцијата презедоа мерки и извршена беше вонредна инспекциска контрола кај увозникот. Небезбедниот производ во количина од 280 килограми е повлечен од промет и безбедно поништен на депонијата Дрисла. Во вториот случај од 6 ноември минатата година, направена е контрола во магацините на увозникот на сусам и утврдено е дека небезбедните лотови од производот, наведени во нотификацијата, не се најдени во магацините“, стои во соопштението на Агенцијата.

Слични содржини