Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се отповикува производот сладолед во корнет „SUNDAY CONES – VANILA & COKOLADA 6X720мл“, со сериски број/лот – TAA4D7.
Датум на производство и рок на употреба на производот е до 09.02.2025.
Причина за отповикување е прикриен вистинскиот рок на употреба со прилепен нов рок на употреба до 09.02.2025 година.
Во информацијата од АХВ стои дека производител на сладоледот е „DELTA ST HRVATSKA“, увозник во Македонија: „ТД ГАЈРЕТ СТРУГА“, како и дистрибутер преку „КИПЕР МАРКЕТИ“.
-Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот како погоре наведеното да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле или нештетно да ги уништат, порачуваат од АХВ преку соопштението.