АХВ со засилени контроли на месни производи кои доаѓаат од Србија, Косово и Црна Гора

Засилените контроли ќе се воспостават во период од 1 март до 1 април

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Принтскрин

Агенцијата за храна и ветеринарство информира во наредниот период ќе изврши интензивирање на контроли на месни производи по потекло од одредени ЦЕФТА земји (Србија, Косово, Црна Гора) во насока на испитување зголемено присуство на адитиви во храната односно фосфати, сорбати и бензоати.

Засилените контроли ќе се воспостават во период од 1 март до 1 април 2026 година, а со можност за скратување односно продолжување на рокот во зависност од добиените резултати.

На почетокот на годинава беше објавено дека во текот на 2025 година, во рамки на внатрешниот промет биле реализирани 47.200 редовни и вонредни инспекциски контроли. Притоа, издадени биле 5.406 решенија, поднесени 10 прекршочни пријави и изречени 1.073 прекршочни платни налози, со вкупна вредност од 618.010 евра во денарска противвредност. Поднесени биле и осум кривични пријави, сите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните.