Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) добиленотификација за увезени небезбедни кондиторски производи кои во својот состав содржат адитив со наод на етилен оксид. Ова следува откако сладоледите „сникерс” и „твикс“, како и овошниот јогурт со рибизла на „Дукат” веќе не може да се купат во Црна Гора, БиХ и Србија. Повлечени се од маркетите по сомнежот дека во нив има остатоци од пестицидот.
Согласно воспоставената процедура за постапување по добиената нотификација, инспекциските служби на АХВ вршат контрола кај двајца увозници.
-По спроведената инспекциска контрола ќе бидат утврдени количините и видовите увезени производи и ќе се дефинираат насоките за понатамошно дејствување, нагласуваат од Агенцијата за храна.
Сладоледите „сникерс” и „твикс” и овошниот јогурт со рибизла на „Дукат” најпрво беа повлечени во Хрватска, а потоа и во БиХ и Србија. Според српскиот министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ, некои земји, како Белгија, не ги сметаат ваквите производи за штетни и ги пуштаат во промет.