Веќе ги имаме останатите детали за проектот „Facing Emotions“ на Huawei, кој цели да им помогне на слепите да ги „гледаат“ емоциите на луѓето спроти нив.

Компанијата објави дека создала апликација која има корист од камерата на Mate 20 Pro, за да се рекреираат 7 човечки емоции во форма на звучни сигнали и на тој начин им помага на луѓето со оштетен вид да комуницираат поцелосно.
Апликацијата го скенира лицето на соговорникот и ги анализира клучните елементи од
него – очи, нос, веѓи и устата, како и нивната моментална позиција.
Потоа, технологијата за вештачка интелигенција ги обработува информациите и ја пушта како звук,
што лицето со оштетен вид го слуша од неговиот телефон или слушалки.
Сето ова се случува во реално време без да е потребен пристап до интернет, бидејќи се користат можностите на чипсетот Kirin 980 во Mate 20 Pro.
Facing Emotions е развиено во соработка со луѓе со оштетен вид и добротворни организации кои работат со нив. На регионално ниво Huawei се здружил со Polish Blind Association за создавање на фокусна група од слепи лица, која учествува со секоја фаза од развојот на апликацијата.
Клучниот елемент на целиот процес се звуците создадени од слепиот композитор Томас Билетски и изразуваат 7 основни емоции. Биле барани кратки, едноставни, експресивни и во исто време ненаметливи за околните звуци.
Неговата уникатна перспектива во врска со природата за звукот му овозможува да создаде звучни сигнали, преку кои луѓето со оштетен вид ќе можат да ги фатат емоциите на своите соговорници во најголема можна мера. Звуците се тестираат од слепи лица, кои ги прават разбирливи и лесно се паметат.
Во текот на развој на апликацијата било утврдено дека корисниците би сакале да поседуваат
погоден за неа „hands-free“ уред, бидејќи во рацете држат бастуни или кучиња-водичи. За таа цел,
Јанез Кочански развива со 3D принтер посебна обвивка за Huawei Mate 20 Pro, која им овозможува
на слепите лица да ја користат полесно не само апликацијата, но и своите смартфони.
Покрај овој проект, Huawei создава и посебен документарен филм кој го покажува влијанието на Facing
Emotions врз животот на оние кои го користат. Ликовите во филмот Мирјана од Шведска, Мустафа
од Турција и Роберт од Полска се откриени преку локални невладини организации
https://youtu.be/0LIFmlMPFKQ