(ВИДЕО) Аирлија, нови министри и заменици министри на ДУИ…

од desk3
127 прегледи

Парламентарното мнозинство ги избра новите министри и замници министри на предлог на ДУИ. Веднаш по изборот тие дадоа свечена заклетва.

ali-ahmeti-gruevski-500 (1)
Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев пред пратениците претходно образложи дека станува збор за ресори кои се испразнија по оставките на министрите кои доаѓаат од ДУИ и беа констатирани од страна на Собранието на Република Македонија на вчерашната седница.

– Имајќи предвид дека се работи за Влада за спроведување на изборите која е договорена меѓу политичките партии со Договорот јуни/јули во Скопје која има ограничен мандат и специфики и имајќи го предвид краткиот рок до распуштањето на Собранието заради одржување на изборите на 5 јуни, сметам дека е коректно и целисходно да се прифати Предлогот за избор на нови членови на Владата. Очекувам овие лица доколку бидат избрани да пристапат кон работата со максимална посветеност, почитување на Уставот и законите и да покажат однесување кое е совесно, одговорно и во интерес на сите граѓани на Република Македонија, рече Димитриев.

Димитриев одбил два предлози на Ахмети за министри и заменици

СДСМ не го поддржа изборот на новите министри.

“СДСМ нема да го поддржи изборот на овие министри и заменици министри од редовите на ДУИ затоа што станува дел од сценарио на добро уиграни криминални банди кој што во изминативе 10 години владеат со нашата држава и на кој што единствена цел им беше нивното лично и партиско богатење каде што беа запоставени во целост интересите на Република Македонија.ДУИ е сеуште нем сведок на тоа како тефтерското судство во Република Македонија станува судство од катакомбите. Па затоа одлуките судовите ги носат во подземните паркинзи под зградата на ВМРО-ДПМНЕ, а не во судската зграда.Една и пол година од кога започна проектот Вистината за Македонија, ДУИ имаше доволно време да повика, ако не друго барем на одговорност. Да не се однесувате како дипломатски кор во Република Македонија.И сакате со еден говор да ја тргнете од себе целокупната беда на вашето владеење. Лажни се и декларативни се заложбите за Македонија.Не се ова партиски позиции на подмладокот на ДУИ за да ги именуваме. Какви искуства имаат за да обавуваат вакви функции во ваков сензитивен период во кој што се наоѓа Р. Македонија?Секогаш кога има критично гласање Антонио Милошоски го нема.Одлуката на ДУИ да го повлече овој потег непосредно пред распуштањето на Парламентот и евентуалното одржување на избори не е ништо туку значителен придонес на ДУИ во понатамошно комплицирање на и така сложената политичка ситуација во државата.Кризата во Р.Македонија не може да биде надмината се додека вие не бидете поразени. Затоа што сте вие креатори на кризата. Начинот на кој што владеете продуцира криза.Македонија ќе се избори за европка иднина.Зошто ДУИ во изминатиов период барем не го повлече заменикот министер за внатрешни работи и заменикот директор на БЈБ, каде што несомнено се покажа дека било вршено прислушкувањето? Зошто на одговорност не повикавте тогаш кога во оваа држава се појави Извештајот на Прибе?Станува збор за кукавички обид на ДУИ од себе да ја испере целосната мрачнина од 8 годишното владеење. Со ова Али Ахмети покажува дека нему лично не му е во интерес да има фер, демократски, кредибилни избори. Во вашиот говор не употребивте збор демократски. За вас во вашиот речник не постои демократски.СДСМ нема да влезе во вашето сценаријо.И на крајот она што го ветувам во име на СДСМ, она што ми е мене како личен аманет оставено од моите драги луѓе во животот, до кога дишам, до кога живеам јас и оваа структура ќе се бориме за слободна, демократска и европска Македонија.Татковина на еднакви граѓани без оглед на нивното партиско, политичко или етничко потекло. Вие останате зачаурени во вашиот привитимизам.”-изјави пратеникот Петре Шилегов

Според предлогот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, нов заменик-претседател на Владата задложен за европски прашања е Арбр Адеми, Фестим Халили – заменик претседател на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Валдет Џафери – министер за правда, Пиштар Лутфиу – министер за образование и наука, Дритон Кучи – министер за економија, Башким Амети – министер за животна средина и просторно планирање, Ширет Елези – министер за локална самоуправа.
Агим Нухиу дојде на местото заменик министер за внатрешни работи, Фатон Положани стана заменик министер за транспорт и врски и Гзим Беадини заменик министер за финансии.