264
Ајакс работи многу напорно во својата желба да го привлече Франциско Консеисао, пренесува холандското издание „Телеграф“. 19-годишниот крилен напаѓач веќе има 50 настапи и 3 гола за Порто и се смета за еден од талентите за иднината на португалскиот фудбал.
Фудбалерот е проценет на 8 милиони евра, но холандскиот гигант се надева дека ќе може да преговара за договор за околу 10 милиони. Тој веќе разговараше со новиот тренер на тимот Алфред Шредер и исто така сака договорот да се реализира.
Консеисао игра на идентична позиција како и бразилската ѕвезда на Ајакс, Ентони, кој со недели на големо се поврзува со Манчестер Јунајтед, иако медиумите во Англија пишуваат дека шампионот на Холандија ставил крајно сериозна цена од 80 милиони евра.