Ајакс забрзано напредува во преговорите за замената на Ентони

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Ајакс е во напредни преговори со Челси за потписот на крилниот напаѓач Хаким Зиеч, пренесе Sky Sports.

Мароканецот беше дел од холандскиот гигант од 2016 до 2020 година, по што за 40 милиони евра се пресели кај лондончани.

Сепак, тој не успеа да се наметне на „Стемфорд Бриџ“ и особено по доаѓањето на Томас Тухел ретко добива шанса за настап.

Ајакс сака да го врати Зиеч на „Јохан Кројф“ арената како замена за Ентони, кој се очекува да му се приклучи на Манчестер Јунајтед за неколку часа.

Слични содржини