Ајатолахот Хамнеи се заканува со „погубен одговор“ на Израел и САД

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска им се закани на Израел и на САД со „погубен одговор“ поради нападот на таа земја и нејзините сојузници.

„Непријателите, без разлика дали се работи за ционистичкиот режим или Соединетите Американски Држави, сигурно ќе добијат погубен одговор на она што го прават на Иран и иранскиот народ“, рече Хамнеи, пренесе АП.

Хамнеи зборуваше додека иранските власти се повеќе се закануваат со нови напади врз Израел по нападот на 26 октомври во кој загинаа најмалку пет лица.

Тој не го прецизираше времето или обемот на можниот напад, но претходно рече дека нападот врз Израел „ниту треба да се преувеличува, ниту да се минимизира“.

Слични содржини