Ајдари: Потфрлија Меџити, Тошковски, Исени и Стоилковиќ – Европскиот фронт бара нивно разрешување

од Nikola Popovski
24 прегледи

Пратеничката од Европскиот фронт, Рина Ајдари на прес-конференција порача дека министрите Изет Меџити, Панче Тошковски, Иван Стоилковиќ и заменик-министерот Астрит Исени потфрлиле и, како што рече, Собранието треба да преземе мерки и тие да бидат разрешени.

Во однос на причините за интерпелациите, Ајдари додаде дека не успеале да придонесат за одржување на меѓуетничката хармонија, туку го продлабочиле јазот меѓу и дека не успеале да обезбедат мирна и безбедна прослава на граѓаните. Пратеничката истакна дека нема да дозволат теснопартиски и политички интереси да ги нарушат мирот и стабилноста во Македонија и, како што рече, да ги загрозат достигнувањата на Охридскиот договор.

„Како пратеничка група на Европскиот фронт бараме Собранието да донесе одлука за одговорност на членовите на Владата и да ги разреши. Нема да дозволиме теснопартиските и политичките интереси да ги нарушат мирот и стабилноста во С.Македонија, да ги загрозат сите досегашни достигнувања што се засноваат на Охридскиот договор. Албанците се и ќе останат гаранти на стабилноста и заедничката иднина, но никогаш нема да дозволат да бидат дискриминирани, дури и од власт која го нема нивниот легитимитет“, рече Ајдари за поднесените интерпелации.

Седницата во Собранието на која треба да се дебатира за интерпелациите на министрите ќе започне во 13 часот откако претходно беше побарана една час пауза за дополнителни консултации од страна на партијата Левица.

Слични содржини