Акција на СДСМ за пошумување на 10.000 дрвја

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Под мотото „Повеќе зелено”, социјалдемократската младина на Македонија и СДСМ, како општествено одговорна партија, денеска спроведува голема акција за пошумување на повеќе локации.

Граѓани, членови, активисти, млади, пратеници, партиски функционери, на 5 различни локации ширум државата ќе засадат над 10.000 дрвја (садници), со средства обезбедени на СДСМ.

Локациите во околината на Велес, Куманово, Делчево, Богданци и Ресен се избрани со анализа на повеќе фактори, меѓу кои и застапеноста на шумскиот фонд, а опфатени се делови кои беа зафатени од пожари.

Заедничката еколошка акција на младите социјалдемократи и СДСМ е придонес кон големата акција за пошумување којашто веќе ја спроведуваат надлежните министерства и надлежни институции, ја покажува посветеноста на СДСМ за зголемување на зелените површини, за здрава животна средина, но и за поттикнување на општествената свест.

На денешната акција за пошумување беа присутни Оливер Спасовски, Маја Манолева, Александар Бајдевски, Сања Лукаревска.

Слични содржини