АКЦИЈА ЗДРУЖЕНСКА се занимава со унапредување на родовата еднаквост преку застапување за развој и примена на јавни политики за постигнување еднакви можности за жените и мажите, социјална инклузија и почитување на правата на жените. Основна определба на организацијата е да ги јакне знаењата, вештините и способноста за идентификување и одговор на специфичните потреби на Македонија во поглед на родовата нееднаквост.12795415_1133947629971182_3402602303805479910_n Во пресрет на денешниот интернационален ден на жената, 8 Март, тие споделија неколку илустрирани “разгледници“ со цел разграничување и потсетување на суштината на празникот. Во продолжение ви ги пренесуваме сите.

12472539_1134713626561249_7530275412591019467_n 12794613_1135450953154183_8992089598837256841_n 12512264_1136012656431346_732780212604906693_n 12806124_1136554173043861_9206119217211067763_n (1)

АКЦИЈА ЗДРУЖЕНСКА ја промовира културата на родова еднаквост и недискриминација; промовира одговорно, транспарентно и отчетно владеење на полето на родовата еднаквост и правата на жените; го зајакнува и поддржува женскиот активизам и гради капацитети и интензивира јавни дебати, дијалози и соработка за прашањата поврзани со родовата еднаквост и правата на жените.

Слични содржини