Ако не се извини Данела Арсовска, колку што разбрав од статуси и соопштенија на градските директори, тие ќе покренат кривична пријава за клевета и нарушување на угледот. Но, тоа не е важно, важно е се што беше дел од концептот на модерно Скопје да биде реализирано и за тоа ќе има поддршка градската администрација. Тоа што е подзаборавено ќе потсетиме, а тоа што е спротивно на концептот за модерно Скопје жестоко ќе го критикуваме и ќе се спортивставиме со сите сили и алатки што ги имаме, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Претседавач на Советот на Град Скопје, рече, останува Трајко Славески, а мнозинството во Советот е стабилно.
-Продолжуваме понатаму да работиме, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.