Во Косово 55% од испитаниците на возраст од 14 до 29 години потврдија дека сакаат да ја напуштат својата татковина. Во Албанија за ова изјавуваат 67%. Слична е ситуацијата во другите земји од регионот, кои во Германија се класифицираат како “сигурни”: во Македонија со желба би се иселени 53%, во Босна и Херцеговина – 49%.

За да се намали бројот на луѓе кои сакаат азил во Германија, Берлин ќе им стави етикета “безбедни земји” на уште три балкански држави. Но, во Албанија, Косово и Црна Гора се уште има доста проблеми.
Баварското Министерство за внатрешни работи има јасна позиција: “Да, јас сум целосно убеден дека Албанија, Косово и Црна Гора се безбедни држави. Над 99% од сите барања поднесени од граѓаните на овие земји, се одбиваат како неосновани од Федералното министерство за емиграцијата “, изјави портпаролот на МВР во Минхен Оливер Платцер. Тој посочи дека само кај поединечни случаи Германија зема позитивно решение, при тоа исклучиво од хуманитарни причини, на пример, доколку барателот е сериозно болен.
Премиерите на балканските држави изгледа го делат неговото мислење: “Ние инсистираме Косово да биде третирано во Германија како безбедна држава”. Тоа го напишаа влади на Косово и Црна Гора во официјално обраќање упатено до германскиот европратеник Дејвид Мек Алистер задолжен за балканскиот регион.
Германската организација за човекови права Pro Asyl ги гледа работите поинаку. “Имам големи сомнежи дека овие земји можат да бидат дефинирани како безбедни и слободни од бркање”, истакнува нејзиниот соработник Бернд Мезович.
Како во однос на Косово, така и Албанија, и Црна Гора едвај можат да бидат дефинирани како правна држава во смисла, во кој вложуваат во овој концепт на Запад. Таму отсуствува независен суд, слободоумините новинари се заплашување, тие биваат прогонувани, додава тој.
Во Црна Гора владее династијата на премиерот Мило Ѓукановиќ. Државните структури личат повеќе на мафијашки. Во сите три држави цвета корупцијата и непотизам, открива со индигнација Мезович. Во Косово локалните Роми страдаат од масовна дискриминација – многу од нив веќе ја напуштија земјата поради загриженоста за својата безбедност. Заклучокот на Мезович: е дека постојат сериозни сомневања дека во овие држави ефективно се заштитуваат човековите права.
Невработеност, безперспективност, смирение.
Тешката економска ситуација значително го отежнува животот на младите луѓе. Дури четвртина век по крајот на комунизмот на Енвер Хоџа, Албанија останува една од најсиромашните земји во Европа. “Нивото на невработеност е околу 30%, но тоа се само проценки – точните податоци отсуствуваат”, изјави Конрад Клевинг, експерт за Балканот од Институтот за истражување на Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург. “Индустријата е исклучително неразвиена, земјоделство во многу од земјите во регионот е уништено”, истакнува експертот.Покрај тоа, како резултат на економската криза во Грција стотици илјади Албанци ги загубија своите работни места таму. Ова нагло ги скрати дознаките од странство.
Уште понепристојна е е економската и социјалната ситуација во соседно Косово, прецизира Бехлјул Бекај, политиколог од Приштина. Речиси половина од сите жители на земјата / денес во Косово живеат околу 1,8 милиони лица / се под линијата на сиромаштија, околу 45-50% од работоспособното население се без работа. Голем дел од нив се млади луѓе, не треба да се заборави дека Косово е земја со најмладата популација во Европа.
Според податоците на организацијата “Транспарентност без граници” Косово е најкорумпирана европска земја. “Насекаде владее непотизам. Без врски не можеш да си најдеш работа. Се работи на принципот на врските меѓу клановите или семејствата. Безперспективност, беспомошност и безнадежност – резултат на тоа, сите млади и претприемнички луѓе се стремат да ја напуштат земјата”, објасни Бекај.
Младите треба да го променат системот
Ова се потврдува и од неодамнешното истражување на Фондацијата “Фридрих Еберт” за младите од Југоисточна Европа: поголемиот дел од младите во земјите од Западен Балкан се незадоволни од состојбата на демократијата во нивните земји и страда од невработеност и сиромаштија. Тие не гледаат никаква перспектива, не се заинтересирани за политика и не им веруваат на политичките и јавните институции.
Во Косово 55% од испитаниците на возраст од 14 до 29 години потврдија дека сакаат да ја напуштат својата татковина. Во Албанија за ова изјавуваат 67%. Слична е ситуацијата во другите земји од регионот, кои во Германија се класифицираат како “сигурни”: во Македонија со желба би се иселени 53%, во Босна и Херцеговина – 49%.
Владата на Баварија се обидува да спречи такви луѓе да падне на територијата на Сојузната република. Портпаролот на МВР Платцер вели дека дека Баварија оди на “масовното враќање на бегалци” назад во нивните матични држави. Тој се надева дека одредувањето на балканските држави како безбедни ќе сбиде сигнал и ќе ги сопре младите луѓе на нелегалните обиди да падне во Германија.
Бехлјул Бекај од Приштина не смета дека ваквата тактика ќе донесе успех. Секој ќе се надева дека токму тој ќе падне во оваа мизерна бројка на бегалци / 0,3% /, на кои Германците сепак ќе им обезбеди азил. Истовремено политикологот смета дека Германија треба да депортира што повеќе Косовци за доброто на нивната сопствена татковина. “Тие ни се потребни тука во Косово”, признава Бекај. Та нели меѓу оние кои решаваат да бегаат во Германија, се најхрабрите и најобразованите кои не се согласуваат и се борат птоив вака поставените работи и сакаат да менуваат.. “Тие ни се потребни тука во Косово, се борат за промени, тие треба да протестираат тука за да се промени политиката и повеќе на никој да не му се наметнува да ја напушта својата татковина”, убеден е Бекај.