Ако до 10 јуни не се договори преодна Влада, ништо од изборите во Април?

од desk3
133 прегледи

Предуслов за избори за Април догодина е до 10 јуни да се состави преодна Влада, а доколку не- нема избори, брифираат за локално.мк дипломатски извори

images

Според нив на денешниот дипломатски маратон со македонските лидери било договорено парламентарни избори да ги организира преодна влада.

Се согласивме на транзиционен период, а до крајот на април идната година да се спроведат предвремени избори, но претходно важно е државата да се подготви за тоа. Да се направи прочистување на избирачкиот список и да се прифатат сите препораки на Европската унија. Деталите ќе се договорат на средба наредната недела во Брисел – изјави денеска Хан по 8 часовните разговори со македонските лидери..